Со помош на грчкото воено воздухопловство и нивниот авион C-27 Spartan, ноќта од Скопје до Атина беа префрлени четворица повредени од пожарот во Кочани. Во Грција на третман сега се наоѓаат вкупно 12 лица, пет од нив се сместени во Солун, а седум во Атина, извести дописничката на МИА од Атина. Според информациите што ги добивме, во Атина се префрлени четири млади лица со сериозни изгореници, кои се хоспитализирани во две различни воени болници. Воениот авион полетал од Атина околу 22:30 часот и транспортот на повредените се завршил успешно околу 2 часот по полноќ. Ова е второто патување од Атина до Скопје во изминатите 24 часа, по транспортот на тројца повредени во понеделник навечер. Грчкиот министер за здравство, Адонис Георгиадис, преку социјалните мрежи информираше дека вториот транспорт на лица со изгореници беше успешно реализиран со поддршка на военото воздухопловство во рамките на солидарноста на Грција кон Северна Македонија.
Во контекст на оваа несреќа, Грција дејствуваше брзо по трагичните случувања во Кочани и одговори на повикот на Северна Македонија испратен до Европскиот механизам за цивилна заштита. Вториот воздушен транспорт реализиран во Атина вклучуваше четворица повредени со изгореници, а истиот беше спроведен од страна на ЕКАВ. Авионот C-27 на грчкото воено воздухопловство, во придружба на медицински тим составен од двајца лекари и тројца спасувачи, слета во 02:10 часот на воениот аеродром Елефсина. Повредените веднаш беа пренесени до болниците, тројца во Општата военка болница 401 и еден во Општата болница на воздухопловството 251 за натамошно лекување, наведе Георгиадис.
Министерот потсети дека во моментот во грчките болници се наоѓаат вкупно шест пациенти со изгореници во Општата военка болница 401 во Атина, еден во Општата болница на воздухопловството 251, тројца во Општата болница во Папаниколау во Солун и двајца во Општата военка болница 424 во Солун. Оперативните тимови за здравствена грижа на ЕКАВ се одржуваат во состојба на висока подготвеност за управување со транспортите и хоспитализациите на повредените, со посебно внимание навремено доставено до здравствените установи во Солун и Атина, додаде министерот за здравство на Грција.
Од грчката амбасада во Скопје со гордост информираа за вториот лет за медицинска евакуација, во кој беа префрлени четворица пациенти на интензивна нега за третман во воените болници 401 и 251 во Атина. Со искрена благодарност кон ЕКАВ за организацијата и координацијата, грчката амбасада ги изрази својата солидарност со Северна Македонија преку објава на социјалните мрежи.
The post Повредени лица хоспитализирани во Атина appeared first on 365.mk.