Зидан не сака да ги тренира играчите на Баерн

од Vladimir Zorba

Францускиот тренер Зинедин Зидан изјави дека нема да го преземе Баерн на крајот од сезоната, пренесува Sky Germany.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел во февруари годинава се договори со челниците на клубот од Минхен да го раскинат договорот на крајот од сезоната. Германскиот тренер имаше договор со клубот од Минхен до јуни 2025 година, но поради лошите резултати на Баерн, двете страни се договорија за предвремен прекин на соработката.

Раководството на Баерн со месеци бара нов тренер, а клубот од Минхен досега беше одбиен од страна на Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник.

Слични содржини