Вести Избори 2024 Македонија

Пендаровски: Нема план „Б“ за уставните измени, има само план „А“

Барам од сите вас, на 24-ти овој месец, масовна политичка мобилизација, уште во првиот изборен круг да покажеме дека сме за нормална, напредна и европска Македонија, на сите, а не за заробена, на неколкумина, на еден човек или на една фамилија, порача вечерва, од централниот митинг во Центар, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Нема план „Б“, има само план „А“, истакна Пендаровски во врска со уставните измени кои, како што напомена, мора да поминат за да станеме членка на ЕУ.

Државата заслужува да ја водат одговорни, совесни и сериозни политичари, а не луѓе кои сакаат само власт и пари. Ако ВМРО-ДПМНЕ дојдат на власт, Македонија повторно ќе биде приватна држава на неколкумина или на една фамилија, а најчесто на само еден човек кој ќе им диктира на сите други – што да прават, што да мислат и што да зборуваат. Тоа не смееме да го дозволиме ако им мислиме добро на идните генерации. Ако сакаме пристоен, достоинствен живот, на таквите обиди, за враќање назад, во регрес, да им кажеме „не, благодарам“, порача Пендаровски.

Тој вети дека, како и досега, ќе биде претседател на сите, дека нема да ги продлабочува делбите, ниту да ги стимулира поделбите, дека ќе се обидува да помогне секому, независно од која етничка припадност е или од која политичка партија. Во земјава, нагласи, сите мора да бидат рамноправни зашто „никој овде не е газда, ниту кираџија, така било, така и ќе остане“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Дејан Дејан

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија

Дејан Дејан

Уште пет дена кампања пред двојните избори на 8ми мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе