Спорт
УЕФА ќе го разгледа предлогот секој тим да има по 26 фудбалери на ЕП
Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе разговара за можноста за проширување на бројот на играчи за претстојното ЕП 2024 во Германија на состанок следниот месец.
Според актуелните правила, секоја репрезентација може да има по 23 пријавени фудбалери на ЕП. Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикси, предложи, секоја селектор да може да пријави 26 играчи. Овој предлог доби поддршка од селекторите на 24 репрезентации кои ќе учествуваат на континеталниот шампионат.
„Добивме неколку пораки од селекторите на репрезентациите во врска со бројот на играчи ЕП 2024. Работната група на УЕФА и претставниците на репрезентациите учесници ќе ги разгледаат предлозите на селекторите на 8 април и ќе ги проучиме сите можни решенија и идеи“, најавија од УЕФА.
На последното ЕП во 2021 година, поради епидемијата на коронавирус, секоја репрезентација имаше 26 фудбалери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Херојот на Дортмунд нема да игра на ЕУРО 2024
Матс Хумелс (35) игра одлична сезона во Борусија Дортмунд. Тој е еден од најзаслужните за пласманот во финалето на Лигата на шампионите.
Хумелс оваа сезона на 38 настапи има четири гола и асистенција во 2.752 минути игра.
И покрај добрата форма, Хумелс нема да игра за Германија на претстојното Европско првенство.
Еден месец пред почетокот на турнирот, Фабрицио Романо дека селекторот Јулијан Нагелсман решил да го изостави од спискот светскиот шампион од 2014.
Наместо Хумелс, на списокот е играчот на Ајнтрахт, Робин Кох.
Хумелс има 78 настапи и пет гола за националниот тим. Последен пат за Германија настапи на 21 ноември 2023 година во поразот од Австрија со 2:0 во пријателски натпревар.
Германија го отвора ЕУРО 2024 против Шкотска на 14 јуни, а во групата се уште и Швајцарија и Унгарија.
Спорт
Галјардо кандидат за нов тренер на Милан
Аргентинецот Марсело Гаљардо би можел да го преземе тимот на Милан на крајот од сезоната, пренесуваат италијанските медиуми.
Медиумите од Апенините веќе со денови пишуваат дека актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, па управата е во потрага по неговиот наследник.
Пиоли го презеде Милан во 2019 година, на клубот му ја донесе титулата во Серија А во сезоната 2021/2022.
На две кола пред крајот на првенството „росонерите“ се на второто место на табелата во Серија А со 18 бодови помалку од првопласираниот Интер, кој и математички ја обезбеди титулата пред неколку кола.
Гаљардо, го водеше Ал Итихад оваа сезона, но беше отпуштен по серијата слаби резултати во професионалната лига на Саудиска Арабија. Италијанските медиуми тврдат дека бил контактиран од Милан.
Спорт
Монеке удри по Евролигата, Ларкин ироночно се смее, а Џејмс бара навивачите да не учествуваат во гласањето
Во понеделникот Евролигата ги обајви двете најдобри петорки за сезоната 2023/2024. Во изборот со по 25 отсто учествуваа тренерите, играчите, новинарите и навивалите.
Изборот предизвика лавина реакции, особено од кошаркарите кои играа сезонава во Евролигата.
За потсетување во првата петорка се: Факундо Кампацо (Реал Мадрид), Мајк Џејмс (Монако), Кендрик Нан (Панатинаикос), Најџел Хејс-Дејвис (Фенербахче) и Матијас Лесор (Панатинаикос).
Втората најдобра петорка ја сочинуваат: Костас Слукас (Панатинаикос), Марио Хезоња (Реал Мадрид), Валтер Таварес (Реал Мадрид), Вејд Болдвин (Макаби) и Лоренцо Браун (Макаби).
Изнанедувачки е што во овие петорки нема место за најдобриот стрелец сезнава (Маркус Хауард од Басконија) и најдобриот дефанзивец (Томас Вокап од Олимпијакос).
Незадоволен од изборот на кошаркари за двете најдобри пет од елитното натпреварување се огласиЧима Монеке, кошаркарот на Басконија.
„Треба да му биде срам на оној кој ги составл овие тимови“, напиша Монеке.
Реагираше и Антониус Кливленд од Макаби.
„Го нема Вејд Болдвин во првиот тим, па тоа е лудо“, напиша тој.
За многумина е чудно што во изборот го нема најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин.
Американец со турски пасош се огласи со едно смајли на социјалната мрежа „Х“.
Реагираше и кошаркарот на Монако, Мајк Џејмс. Американецот е избран во првата петорка и според многумина е најсериозниот кандидат за МВП наградата.
„Се извинувам, но навивачите не треба да имаат право на глас во изборот на најдобрите тимови во Евролигата. Навивачите ќе гласаат за своите тимови и омилени играчи. Не е нивна работа да бидат непристрасни. Тие се пристрасни. Мислам дека нивните гласови создадоа конфузија“, напиша Џејмс.