ВИДЕО: На гласачко место во Тетово се гласа со УВ ламба

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Започна гласањето во избирачкото место 1977 во училиштето „Лирија“ во Тетово, јавува дописникот на ТВ21. По проблемот со биометрискиот уред, гласањето продолжува со стариот метод, со УВ ламба.

Утрово проблем со фингер-принт машината имаше уште на едно место во Тетовско, изјави претседателот на ОИК Назим Даути за ТВ21.

Даути рече дека во избирачкото место 1977 во училиштето Лирија и во избирачкото место 2085 во Бозофц има проблеми со биометрискиот уред и најави дека надлежните лица ангажирани од ДИК се обидуваат да го решат проблемот.