ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Просечната плата за само три години порасна за 7.000 денари!

   Време за читање 2 минути

Зголемувањето на минималната плата директно влијае на зголемувањето на просечната плата, според податоците на Државниот завод за статистика просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година изнесува 33.011 денари, а во истиот период износот на минималецот е 18.000 дена.

За споредба, пред само десет години, во ноември 2012-тата година, просечната плата била 20.857 денари, додека пак минималната 8.050 денари. Оттогаш започнуваат иницијативите на Сојузот на синдикатите за утврдување минимален износ на плата, кога во првичната верзија на законот минимална плата е дефинирана како најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.

Во оваа прва верзија на законот, минималната бруто плата изнесува 39,6 проценти од просечната бруто плата во македонската економија за претходната година.

Од 2022 година минималната плата порасна на 18.000 денари.

Со измените на законот, како што анализира Сојузот на синдикати на Македонија, минималната плата изнесува 18.000 денари, а се менуваат и критериумите за годишно усогласување на минималната плата со 50% од годишниот раст на просечната плата и 50% од растот на трошоците за живот, согласно податоците од Државниот завод за статистика.

Од први април 2022 година, за 80.000 вработени, работници во различни дејности и индустрии, па така минималната плата порасна на 18.000 денари според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата.

Процентуално во периодот 2012-2016 година минималната плата е зголемена за 25,2%, а за периодот 2016-2022 година 78,6%.

Со новата методологија за пресметување на минималната плата ново покачување ќе има во март, па така, најниското примање на работникот во државава ќе биде нешто над 20 илјади денари.

Извор: bankometar.mk