📸Доаѓа Audi RS E-Tron GT Performance

од Vladimir Zorba

Откако на почетокот на февруари беше претставен обновениот Porsche Taycan, сега Audi најавува и подобрена верзија на својот електричен модел E-Tron GT, со посебен акцент на врвната верзија RS E-Tron GT Performance.

Од Audi засега не откриваат детали, но познато е дека ќе има зголемување на моќноста во однос на актуелниот топ модел.

RS E-Tron GT Performance ќе има повеќе од 475 kW/646 КС на појдовниот RS e-tron GT модел, но помалку од 700 kW/952 КС на новиот Porsche Taycan Turbo S.

Промени ќе има и во однос на батериите поради подолг домет (батерии од 105 kWh наместо 93,4 kWh). Брзината на полнење е исто така зголемена, што не е изненадување со оглед на тоа што најновиот Taycan сега може да поддржува 320 kW наместо 270 kW.

Audi разви и нов систем за суспензија, каде суспензијата овде ќе биде наместена за поголема удобност во споредба со поостриот Taycan.

Audi има намера да го претстави надградениот E-Tron GT подоцна оваа година, па повеќе детали допрва ќе следуваат. Дотогаш, Audi објави слики од автомобилот, кој меѓу другото има керамички сопирачки, аеро тркала, изменет преден браник и редизајниран заден дифузер.

Слични содржини