Парадокс: Борусија Дортмунд ќе добие многу повеќе пари ако го загуби финалето во ЛШ на „Вембли“

Борусија Дортмунд ќе атакува на својата втора титула во Лигата на шампионите во историјата по пласманот во финалето кое ќе се игра на 1. јуни на „Вембли“ во Лондон.

Но, информациите пред ова финале против Реал Мадрид донесоа еден помалку неверојатен податок кој носи парадоксална ситуација погледнато од финансиски аспект. Интересно, но „милионерите“ би заработиле многу повеќе пари ако загубат од Реал Мадрид во финалето во Лондон, отколку да победат.

Причина за тоа е клаузулата која постои во договорот кој беше склучен со Реал Мадрид пред една година за купопродажба на Џуд Белингам, а според која „кралевите“ ќе мора да исплатат огромен бонус на Борусија Дортмунд доколку Англичанецот ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Борусија ќе добие 25 милиони евра ако загуби од Реал во финалето поради бонусот за Белингам, но исто така ќе ги добие и гарантираните 15 милиони евра кои ги доделува УЕФА за учесникот во финалето, или вкупно 40 милиони евра. Доколку победи, пак, тимот од Дортмунд ќе ја добие само премијата која ја добива подобриот во финалето, а тоа се 20 милиони евра.

Се вчитува...