ВИДЕО: Москва во паника, издадени упатства во случај на нуклеарен напад

Од:

Во Москва се емитува информативно видео со детални упатства како правилно граѓаните да ги „спакуваат итно коферите“ во случај на хемиски или нуклеарни напади. Видеото кое се прикажува на бројни билборди е подготвено од Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Очевидци снимија една од овие пораки, прикажана на екран во близина на паркот Горки.

Притоа е наведено што се треба да имаат жителите на Москва како најосновно средство:

„Комплет за прва помош, рачна или светилка за на глава, батерии, ловечки кибрит, сув алкохол, запалки на гас, мобилен телефон, радио приемник, нож, комплет за поправка (конци, игли) залихи со храна и вода (барем за три дена), садови за еднократна употреба, средства за лична хигиена, промена на долна облека и чорапи“, се вели во видеото на екранот.

Се нагласува дека видеата се официјално поставени од Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Веб-страницата MSK1.RU се обратила до Министерството во Москва за појаснување. Од таму одговориле дека снимката е договорена и официјално прикажана во име на Министерството за вонредни состојби, но не можеа да објаснат на што се однесува емитувањето на ваквите предупредувања.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски