Клоп се откажа од титула: Битката е веќе меѓу два тима

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека во животот никогаш не се чувствувал повеќе разочаран по еден натпервар отколку после поразот од Евертон во дербито минатата недела.

Германецот смета дека сега ривалите Манчестер Сити и Арсенал, повеќе не го сметаат Ливерпул за вистинскиот конкурент за титулата. Самиот клуб не верува дека двата тима ќе загубат по два меча.

„Не се сеќавам дека бев толку разочаран после натпревар како што бев во средата. Арсенал и Манчестер Сити играат одличен фудбал, и ние сме во оваа позиција затоа што заслуживме. Јас сум одговорен за формата на тимот, но не е многу добра во моментов. Загубивме еден од решавачките натпревари на Гудисон Парк. Во последните недели не игравме добро, секогаш се чувствувавме како да стигнуваме нешто. Треба брзо да ги свртиме работите и да се обидеме да бидеме добри. Ќе се обидам се што е можно за да можам повторно да уживам во нашиот фудбал. Сигурен сум дека Арсенал и Манчестер Сити веќе не не гледаат како ривал, иако јавно ќе кажат поинаку. Но, не очекувам дека и едните и другите ќе загубат по два натпревари“, рече Клоп.

Се вчитува...