Познат составот на дрим-тимот, сите НБА ѕвезди доаѓаат во Париз!

од Vladimir Zorba

Американците го најавија речиси целиот тим за Олимписките игри.

Адријан Војнаровски, добро информиран кошаркарски новинар, објави дека американската кошаркарска репрезентација веќе го избрала тимот за Олимписките игри во Париз, односно дека 11 од 12-те играчи се веќе познати.

Претходно се шпекулираше дека НБА ѕвезди ќе пристигнат во Париз, а играчите кои го спомнаа тоа очигледно ќе го одржат ветувањето.

Американците избраа 11 играчи, додека последното 12. место ќе биде познато до стартот на турнирот во Париз, а конкуренцијата за него е пеколна.

Војнаровски откри дека во списокот на САД се: Стеф Кари, Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Џоел Ембиид, Девин Букер, Дру Холидеј, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Ентони Дејвис и Бем Адебајо.

Слични содржини