КОШАРКАСПОРТ

Кошаркарскиот плеј-оф на Евролигата започнува на 23 април

Плејофот во Евролигата ќе започне во вторник на 23 април кога ќе се играат натпревари во Атина и Мадрид, објавено е денеска на веб-страницата на најквалитетното кошаркарско натпреварување во Европа.

Првиот натпревар од плејофот ќе се игра во вторник од 20:30 часот во Атина, каде Панатинаикос ќе го пречека победникот од утрешниот плеј-ин меч меѓу Макаби и Басконија. Истиот ден, половина час подоцна, Реал ќе биде домаќин на победникот од плеј-офот во кој поразените од мечот Макаби – Басконија ќе се сретнат со победникот од дуелот Ефес – Виртус. Два дена подоцна во исто време ќе се играат и другите натпревари од тие серии.

Во среда, на 24 април, Монако од 19 часот ќе го пречека Фенербахче, а два часа подоцна Барселона ќе игра со Олимпијакос. Два дена подоцна во исто време ќе се играат и другите натпревари од тие серии.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button