Skip to main content

Градоначалникот на Кочани на фејсбук изрази сочувство

По денешната трагедија во Кочани, кога во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а речиси 150 се повредени, градоначалникот на Општината, Љупчо Папазов се огласи на социјалните мрежи.

Со огромна тага изразувам најдлабоко сочувство за загубата на животите во страшната трагедија која го потресе Кочани утринава.
Во овие тешки моменти сите наши мисли и молитви се со семејствата и најблиските на загинатите, како и желбите за брзо закрепнување на повредените.
Од рано утринава сите релевантни служби се во постојана координација за пружање на неопходната помош и расветлување на сите околности кои доведоа до трагедијата.
Надлежните институции продолжуваат со официјалните изјави за сите детали поврзани со случајот-напиша Папазов



Поврзани вести