Џафери ја повика Арсовска да искоси пред Влада, таа му возврати сам да си го среди дворот

Џафери ја повика Арсовска да искоси пред Влада, таа му возврати сам да си го среди дворот

Талат Џафери и Данела Арсовска се скараа кој да фати косилка.Техничкиот премиер ја повика градоначалничката да ја искоси тревата пред владината зграда, а таа му порача дека обврска му било сам да си го среди дворот. Околината на Владата на Илинденска наликува на џунгла. Амбиентот е запустен срамен и жален – со обрасната трева над еден метар и отпадоци на секој чекор. Според Џафери средувањето на дворот било во надлежност на Град Скопје.

“Дворот на Владата е во надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило”. Ние ниту можеме ниту смееме да се мешаме во тие надлежности. Затоа да реагира градоначалничката, за која видовме со колку гласови помина на изборите”, рече Талат Џафери.

Арсовска, возврати дека Џафери манипулира и лаже и дека не си ги знае надлежностите.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува. Таа вели дека ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, вели Арсовска.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат и прашуваат како Владата која е лицето на државата дозволила зградата и околината да наликува на змијарник.

Според нив, оваа катастрофална и очајна слика пред владината зграда и е по заслуга на оние кои ја предводат државата.

Со доаѓањето на власт на СДСМ и ДУИ владата остана без ограда,но со нивното заминување очигледно запустена и обрасната со трева.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )