Крстовски со осми гол сезонава донесе победа за Домжале (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Марио Крстовски продолжува со одличната гол-форма во словенечката Прва лига.

26-годишниот Крстовски донесе нова победа за Домжале, овој пат од 1-0 над Копер, со својот осми гол сезонава во словенечкиот шампионат.

Крстовски погоди во 57. минута од натпреварот, за триумф со кој Домжале се зацврсти на средината од табелата. Македонскиот напаѓач, пак, со осум погодоци е во Топ 10 најдобри стрелци во најсилната лига на Словенија.

Се вчитува...