Жените аксиозноста и депресијата ги лекувале рачно или “машински“ (вибратор)

888

Во старо време, жените кои имале анксиозност, промени во расположението и депресија, нивните сопрузи ги испраќале на лекар, кој им дијагностицирал болест наречена „хистерија“.

Нивниот третман се базирал на „масажа на карлицата“ со цел да се постигне хистеричен пароксизам, сега познат како оргазам.

Имало толку многу жени кои почнале да посетуваат консултации за нивното „лекување од хистерија“ што на крајот од работниот ден лекарите биле исцрпени и нивните раце се треселе; затоа решиле да измислат корисен уред кој произведува ритмички вибрации и хистеричниот пароксизам кај пациентот да се постигне полесно и побрзо без потреба од вообичаената рачна масажа: оттука потекнува и вибраторот.

Во тоа време тоа се сметало за лековит артефакт, дури и најбогатите жени ги имале во своите домови кога чувствувале „хистерични напади“.