Ватикан понуди да биде домаќин на преговорите помеѓу Русија и Украина

65
Ватикан понуди да ги организира преговорите помеѓу Украина и Русија на своја територија, рече за „Медиасет“ шефот на надворешнополитичкото одделение на Католичката црква надбискуот Пол Ричард Галахер.

Тој напомена дека Ватикан и папата се секогаш биле отворени за преговори од почетокот на судирот, но дека „уште не е добиен конкретен одговор“, пренесе украински „Главком“.

Галахер објасни дека понудата е важечка.

„Сметаме дека е пригодно и потребно е да го понудиме и подготвиме ова место (за преговорите). Светиот отец би имал многу позитивен поглед на ситуацијата кога на преговорите би присуствувале двете страни, со добри намери и во дух на барање на мир и дијалог“, соопшти ватиканскиот надбискуп.