БГНЕС: Ковачевски и СДСМ го користат фудбалот во примитивна антибугарска кампања

ДСМ повторно користи примитивна антибугарска пропаганда во својата изборна кампања, објави Бугарската новинска агенција – БГНЕС.

Во анализата на репортерот на БГНЕС се наведува дека, партијата ја претставува Бугарија како одбранбен играч на фудбалски натпревар кој агресивно се обидува да го спречи македонскиот напаѓач да стигне до целта, имплицирајќи дека Бугарија ја кочи Македонија за нејзините евроинтеграции.

„Во измислениот меч за кој е направено и специјално видео, Софија и Скопје се претставени како жестоки противници. Играчот облечен во бугарските бои го влече макеоднскиот напаѓач за дрес. Претставени се и грчки и француски одбранбени играчи кои го спречуваат македонкиот фудбалер да постигне гол“,пишува БГНЕС.

Во објавата е пренесена и изјавата на Ковачевски од видеото каде тој порачува дека нема откажување од иднината.

„Иднината на Македонија не е игра. Секој предизвик што го надминуваме не приближува до нашата цел. Само СДСМ има јасна визија и сила да ја однесе Македонија во Европската Унија. Заедно ќе победиме. Нема откажување од иднината“вели Ковачевски во видеото.

Back to top button
Close