Удинезе го тресеше Торино: Јувентус на колена пред своите навивачи

Фудбалерите на Јувентус се поразени на домашен терен од Удинезе со минимални 1:0, во рамки на 24. коло од Серија А.

По овој резултат, скоро веројатно е дека Јувентус го губи здивот зад лидерот на табелата Интер (+7).

Единствениот погодок на оваа средба го постигна Џанети во 25. минута, а Јувентус иако имаше и теренска иницијатива и безброј шанси, сепак не успеаја да се извлечат од нов срам пред својата публика.

Удинезе успешно и паметно се бранеше од нападите на „старата дама“, кои сега сериозно заостануваат седум бодови за Интер, а „нераѕурите“ имаат и натпревар помалку, што доколку го добијат, ќе побегнат на +10.

Следното коло Јувентус ќе гостува во Верона, додека Удинезе го дочекува составот на Каљари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО