Ла лига против Реал: Ако и другите го прават истото, ќе го уништиме фудбалот!

Првиот човек на шпанската фудбалска Ла лига, Хавиер Тебас за првпат најави дека ќе преземе мерки против ТВ-каналот на Реал Мадрид поради постојаното критикување на судиите и притисокот врз судиската организација.

Реал тоа обично го прави пред натпреварите, таргетирајќи и нагласувајќи го она што го смета за погрешно во начинот и стилот на судијата што треба да им суди.

Тебас објасни дека е дозволено емитување на снимки, но нагласи дека оваа дозвола најверојатно им била дадена на клубовите под претпоставка дека ќе ги почитуваат спортските вредности и начела

Тој додаде дека овие права ќе бидат повторно анализирани и дека „Ла лига започнува акција против таквие видеа“.

– Можете ли да замислите што ќе следува доколку вакви видеа почнат да емитуваат Барселона и другите клубови? Ќе го уништиме фудбалот. Јасно е дека не можеме да продолжиме со ваквата практика, рече Тебас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО