Свет
Луд прекин во Турција: Фан влета на теренот и го искрши корнер-знаменцето од голманот на Алтај (Видео)
Додека се одвиваат најважните случувања на фудбалскиот мундијал во Катар, натпреварите во турската Втора лига одат според нормалниот распоред, но денешната рунда донесе една ненормална сцена.
Натпреварот меѓу Гезтепе и Алтај не го дочекал својот крај, а причина за тоа е хулиганското издание на еден домашен навивач кој го пробил обезбедувањето и режирал нестварна сцена.
Навивач на Гезтепе влетал на теренот додека имало прекин на мечот поради повреда, но набрзо тоа се претворило во целосен прекин од главниот судија, кој останал шокиран од агресијата.
Голманот на Алтај бил жртва на физички напад од страна на откачениот навивач на Гезтепе, кој буквално го искршил корнер-знаменцето од противникот.
Според информациите од Турција, голманот Озенџ бил пренесен во болница со крв на главата, па повеќе од јасно е дека лудиот навивач ќе добие и кривична пријава, покрај забраната за приближување на фудбалски натпревари.
Goztepe vs Altay in Turkey was interrupted after a fan attacked the Altay goalkeeper with the corner flag… 😧pic.twitter.com/ylfsSKmrxM
— SPORTbible (@sportbible) November 27, 2022
-
Македонијапред 16 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 21 час
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 21 час
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 20 часа
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Германијапред 8 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 22 часа
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Англијапред 20 часа
Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила