Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија енодгодишната обука. Тие денеска беа промовирани, а воедно ја дадоа и свечената заклетва. На свечената церемонија присуствуваа семејства на новите полициски службеници, како и дел од државните фунцкионери, меѓу кои техничкиот премиер Талат Џафери и техничкиот минитер за внатрешни работи Панче Тошковски.