Ексјугословенскиот мегахит “Ноно, добри мој ноно“ испеан на 30  јазици,  покрај Тереза, го пееше и италијанската ѕвезда Клаудио Вила

145

Песната која што останува!

лавната пејачка на забавни мелодии, постојано слушаната Тереза Кесовија, а која во поранешна Југославија беше првата дама на југословенскиот шлагер, со многу емоции се сети деновиве на својот, би кажале еден од најголемите хитови во пребогатата музичка кариера.  Станува збор за песната “Ноно, добри мој ноно“ (во превод би било “Дедо, добар мој дедо“ и испеана на далматинското наречје) а, со која Тереза направи огромен светски успех.   Песната тријумфално победи на дамнешниот интернационален “Сплитски фестивал“ во 1969 година, а препеана е на повеќе од 30-тина јазици.   Самата Тереза ја пее и на германски јазик, но како “Мојот брат“ (“Mein bruder”).

Овој голем хит, чии што автори се Никица Калоѓера и Ивица Крајач има и италијанска верзија. На италијански јазик, тогаш исто на “Сплитскиот фестивал“ ја пееше италијанската пејачка мегаѕвезда Клаудио Вила. “Ноно, добри мој ноно“ или како што звучи на италијански:  “ll tuo mondo…. vorrei tornare indietro per un momento, ma il tempo non si ferma, corre lontano, Io stringo forte a me la piccola mano….”

Така што беше голем успех и во кариерата на Клаудио. Песната му донесе златна продажба на самата грамофонска плоча, многу тв-настапи, а на самата Тереза и серија-концерти во париска “Олимпија“. Колку една добра песна може на пејачот да му помогне во кариерата  е токму примерот со оваа песна.

Истата, и по толку години се уште на своите концерти Тереза ја пее. Ниту еден нејзин настап не може да се замисли без “Ноно, добри мој ноно“. И ако можеби предпоставуваме дека на Тереза, оваа песна после 50 години пеење, помалку и е здосадена, но на публиката очигледно и е многу мила, и со многу сакање и понатаму луѓето ја слушаат.

А, Тереза во знакот на спомените  од тоа време и тријумфалниот настап на “Сплитскиот фестивал“ се сети на Клаудио (преку фотографиите) и нивното другарување и на сцената и зад сцената кога меѓусебно си честитаа на убедливата победа!  За жал, Калудио набргу потоа, немаше среќа со своето здравје.

Се разболе, доживеа инфаркт и почина.  На 61 годишна возраст. А, можеше уште долги години да си ја гради кариерата.  Тоа не се случи. Но, затоа оваа убава песна остана  да се пее и на италијански. Неа ја пеат и понатаму голем број сегашни италијански пејачки ѕвезди на своите концерти.                                                            Многу добро песната “Ноно, добри мој ноно“ ни е позната и нам во Македонија.  Д.М.