ЛШ: УЕФА ја претстави топката за нокаут фазата и за финалeто на Вембли

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја претстави официјалната топка за натпреварите од нокаут фазата и за финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) сезонава под името „Аdidas UCL Pro Ball London“.

– Дизајнот на топката го претставува градот домаќин со живописни графики кои прикажуваат два лава кои се борат меѓу ѕвездите.

Иако лавот е симбол на богатата историја и култура на Англија и на нејзиниот главен град, тој исто така ја претставува храброста и силата на играчите и величественоста на најпосакуваниот трофеј во европскиот клупски фудбал.

Топката е опремена со низа технолошки иновации дизајнирани да обезбедат што поголема прецизност за играчите. Иновативната текстура на површината на топката исто така треба да придонесе за уште поголема прецизност на фудбалерии.

Надворешна обвивка обезбедува сигурно држење и целосна контрола, додека термички споениот дизајн без рабови обезбедува максимални перформанси, наведува УЕФА во описот на топката.

Натпреварите во нокаут фазата во ЛШ почнуваат утре, а финалниот натпревар ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО