Српскиот парламент денеска соопшти дека од безбедносни причини зградите на Народното собрание ќе бидат затворени од денеска до понеделник со цел да направат се што е во нивна моќ најавениот митинг на 15 март во Белград, пред Народното собрание, да се одвива без никакви инциденти. „Почитувани пратеници и вработени во Народното собрание, ве известуваме дека, врз основа на безбедносната проценка на Министерството за внатрешни работи, а со цел да се ...

Претседателката на парламентот оцени дека затворањето на законодавниот дом еден ден пред студентските протести во главниот град на Србија е нормално, природно и единствено можно решение за да се избегне каква било злоупотреба на државните институции Претседателката на парламентот на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека од безбедносни причини, зградата на законодавниот дом ќе биде затворена од денеска до понеделник. На денешната прес-конференција таа ...