Регион

Волонтерите од Црвен крст Струмица делеа цвеќиња на жените и пациентите во Општа Болница

Црвен крст Струмица свечено го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со делење цвеќе од страна на волонтерите од Клубот на млади, кои исто така имаа активно учество во настанот и го разубавија овој чин.

Подароците беа поделени на повеќето жени кои беа затекнати како минувачи и на пациентите во Општа Болница Струмица од страна на волонтерите на Клубот на млади.

„Насмевката која ја измамивме на нивните лица нека биде дел од нивното секојдневие, нека бидат неизмерно среќни, задоволни и сакани“, порачаа од Црвек крст Струмица.

Препорачуваме:

Интервју со Катерина Кузмановска директор на ЈЗУ „Општа болница“ – Струмица

Отец Симеон Кантурски од Струмичката епрахија одликуван од Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј

Сузана Мицева

Фотоволтаици ќе може да поставува секој граѓанин без дозвола од општината, најави Бочварски

Ване Трајков