Скопјанец продавал дрога во продавница за миленици

Од:

Основното јавно обвиинителство почна истрага против 32-годишен скопјанец кој е осомничен дека продавал дрога во продавница за миленици.

– На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побарал на осомничениот да му биде одреден притвор за непречено водење на кривичната постапка како и поради можноста осомничението да избега, да влијае на сведоци или да го повтори делото.

Би можело да ве интересира

Маж поврден од заталкан куршум кај Арачиново

Затвореник од Издризово, излезен на викенд, со нож нападнал скопјанец

Средовечен скопјанец се замозадоволувал во автобус на ЈСП

Жена загина, петмина се повредени во тешка сообраќајка на патот Скопје – Блаце

Катерина Ѓуровски

Бебе загина во сообраќајна несреќа во струмичко

Катерина Ѓуровски

На автопатот Тетово-Скопје e фатен возач кој се движел со 207км/час, казнет e со 400 евра