Македонија

Арсовска се пожали дека граѓаните не ни знаат дека учествуваат на изборите: Дискриминирани сме

Претседателката на „Нова алтернатива“, Данела Арсовска, се пожали дека била дискриминирана од медиумите, па граѓаните не ни знаат дека се опција на изборите.

„Во изминатите денови во рамки на кампањата за претстојните парламентарни избори, за жал сведоци сме на активна дискриминација кон Политичката партија Нова Алтернатива. Нашата поширока јавност и граѓаните, немаа никаква можност да се информираат дека воопшто сме учесници на овие парламентарни избори, бидејќи не немаше на најголемиот дел од медиумите во информативните програми и вести. Нашите ставови кои ги застапуваме, ги повторуваме со цел на овој последен ден пред крајот на кампањата и почетокот на изборниот молк, да го разбиеме медиумскиот молк кој за нас траеше за време на целата кампања“, вели Арсовска.

На почеток