Од вечерва започнува летното сметање на времето

Стрелките на часовникот во 02:00 по полноќ ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00, а овој начин на сметање на времето ќе важи до 27 октомври годинава, кога во 03:00 стрелките ќе се вратат еден час наназад, па затоа времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот. Во Македонија, која беше дел од Југославија, летното сметање на времето се користи од 1983 година, а по осамостојувањето, од 1996 г. е регулирано со Законот за сметање на времето.

Во минатото на големо се дебатираше за потребата за укинување на оваа мерка, а за да се укине целосно, земјите-членки на Европската унија ќе треба да се договорат дали сакаат да имплементираат трајно зимско или летно сметање на времето. Договор барем засега се уште нема ни на повидок, па затоа извесно е дека менувањето на стрелките на часовниците ќе продолжи и во иднина.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мијалков стана дедо

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков пред да оди на издржување на затворската казна…
Повеќе

Општина Стумица со реакција: Општина Струмица бара унифицирана и законски уредена висина на плата на пожарникарите на ниво на држава, а не намалување на платите на пожарникарите

Општина Струмица до порталот Досие достави :Реакција на текстот со наслов „Општина Струмица прави споменици на жртви на…