Играч на Реал го прекина интервјуто на Милер: „Сака да ја слушне тактиката за реваншот“ (Видео)

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа 2-2 на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Фудбалерите после натпреварот даваа изјави за медиумите во микс-зоната, а кога микрофонот го зеде Томас Милер настана комична ситуација.

Орелијан Чуамени беше нестрплив па влета во кадарот, а Милер ова го прокоментира со зборовите: „Чуамени ја прислушкува тактиката за следниот натпревар“. Тоа предизвика смеа кај присутните во микс-зоната, но и во студиото на телевизијата ЦБС.

- Оглас -

Најнови вести