Русите спремаат нова мобилизација, се прегрупираат во три правци

Oд Генералштабот на оружените сили на Украина предупредуваат дека руските власти се спремаат за уште еден бран скриена мобилизација, од 10 декември годинава.


 

Од Генералштабот на украинската војска соопштена е ситуацијата на терен за претходниот ден при што е наведено дека Русите се прегрупираат во три правци и дека планираат нова мобилизација.

Руската мобилизација, која предизвика масовно бегство на мажите од државата, завршена е на 28 октомври, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу рече дека тогаш регрутирале 300.000 луѓе и дека не планираат нови регрутации. Но, претседателот на Украина Володимир Зеленски, уште тогаш кажа дека веројатно не е последен бран мобилизации.

Сега од Генералштабот на оружените сили на Украина предупредуваат дека руските власти се спремаат за уште еден бран скриена мобилизација, од 10 декември годинава. Таа, според нивните наводи, ќе се одвива во Русија, но и на окуираните украински територии.

Освен тоа, руските окупаторски сили продолжуваат и до прегрупирање на трупите со цел јакнење на единиците во правец на Лиман, Авдив и Новопавлив.

Генералштабот на оружените сили на Украина објави што се случувало на терен во текот на вчерашниот ден, истакнувајќи два ракетни удари на цивилни објекти во Дњепро и испалување 38 ракети на положби на украинските трупи и цивилни објекти, меѓу кои и на градот Херсон.

Русите со тенкови и артилерија пукале на подрачјето на Берестов, Купјанск, Куриловка, Табаивка, Крохмална во областа Харков и Невски како и во области на Луганск, Јамплиовка и Торска и во Дoњецката област.

„Во правец на Слобожанск, окупаторите од текови, минофрлачи и цевна артилерија гаѓаа населени места како Стрелеча, Красна, Чигунивка, Избитска, Охирчево, Бочково, Бударска и Амбарна во областа Харков. Во правец на Купјана, непријателот ги концентрира своите главни напори на офанзивата. Во правец на Лимански – води одбрана“, наведено е во извештајот.

Непријателот е во дефанзива на правецот Новопавловс и Запорожје, истакнуваат тие.