Забава Избор

SUPER Fresh Music: NOTD – Under My Breath

Охрид, 9. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шведското продуцентско дуо NOTD го претстави романтичниот сингл „Under My Breath“ кој раскажува приказна за стравот и болката кои се неизбежен дел од вљубувањето.

Песната носи спој на поп и рок звуци во комбинација со емотивниот вокал на пејачката во подем Riley Biederer, чиј глас совршено го илустрира стравот во моментите кога љубовта треба да се признае.

– Насоката во која отидовме е доста рок и алтернативен и одлично се вклопува со пораката на песната и ранливоста што се јавува во љубовта, велат од NOTD, кои имаат повеќе од три милијарди слушања на нивните синглови на најпопуларните музички платформи.

Важат за еден од омилените бендови на новата генерација.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука