Одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“ најдобри во Скопскиот Регион

88

Женската екипа во одбојка од основното училиште „Владо Тасевски“ од Општина Карпош е годинашен шампион на натпреварувањето на територијата на Скопје.

Младите одбојкарки од карпошовото училиште беа најдобри на натпреварувањето со другите пријавени екипи од основните училишта од Скопскиот Регион и со голема мотивираност и одлична игра го освоија првото место.

Одбојкарките од ООУ „Владо Тасевски“, предводени од тренерите Ема Терзиевска и Мики Славковиќ, во мај ќе бидат претставници на Град Скопје на државниот натпревар во одбојка.