Колекциите на висока мода се вратија на писта, на последната париска недела се одржаа осум физички модни ревии со гости во публика, ова повлече враќање на модните уредници, новинари, блогери и трендсетери на ревиите и секако враќање на живописната улична мода. Полуофицијалното враќање на модните ревии во живо ги привлече стилските ѕвезди кои прошетаа низ улиците на Париз. А уличната мода беше во знакот на внимателно осмислени стајлинзи, париска елеганија и доза ексцентричност, црни фустани и костими, колоритни модели и тотално монохроматски изгледи, летни комбинаии и доминација на дизајнерски парчиња и чанти (најхит беа минијатурните чанти на Диор).
Нема коментари