Леброн и Лејкерси ја преживеаја неверојатната партија на Зајон и си закажаа плејоф пресметка со шампионот (Видео)

ЛА лејкерс со 110:106 го совлада тимот на Њу Орлеанс пеликанс во мечот за седмото место во Западната конференција и си закажа пресметка со шампионот Денвер нагетс во првото коло од плејофот.

Њу Орлеанс ќе има уште една шанса да го обезбеди последното место во Западната конференција, а за тоа ќе игра со Сакраменто, кој беше подобар од Голден стејт со 118:94.

 

Конечниот резултат во Њу Орлеанс можеби ќе беше поинаков доколку на три минути до крајот на мечот при резултат 95:95, на болка во ногата не се пожали Зајон Вилијамсон, кој до тој момент постигна 40 поени. Неговото излегување од теренот го искористија Ентони Дејвис и Дијанџело Расел, кои постигнас седум поени по ред и ја обезбедија победата на Лејкерси.

Леброн Џејмс беше најпрецизен кај Лејкерси со 23 поени, а одлична партија прикажа Дејвис со 20 поени и 15 скока, како и Расел, кој даде 21 поен.

 

Сакраменто со убедливи 118:94 го победи Голден стејт и си обезбеди дуел со Њу Орлеанс за последното осмо место во Западната конференција.

Ветеранот Харисон Барнс со 17 поени и Домантас Сабонис со 16 поени и 12 скока беа најзабележителни кај Кралевите, додека кај Воините, Стеф Кари даде само 22 поени, а Клеј Томпсон ги промаши сите десет шута од игра.

- Оглас -

Најнови вести