Search

Пожарот над Селце не е локализиран

Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош. -Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен. Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП „Шар Планина“ за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, се вели во соопштението. Од НП „Шар Планина“ проценуваат дека поради неповолните временски услови состојбата дополнително да се влоши.

Треба да знаете
Последни објави