Аморим си замина од Спортинг и тимот „пропадна“, веднаш нареди три порази по ред

За тоа колку значи еден тренер за тимот се потврдува и со екипата на Спортинг Лисабон. Овој португалски гигант имаше одличен старт во новата сезона и нареди 16 победи и едно реми во последните 17 меча, а потоа дојде до смена на тренерската позиција.

Рубен Аморим ја прифати понудата и предизвикот да биде нов тренер на Манчестер јунајтед, а во Спортинг како да згасна победничката хемија. Прво беше победен третолигашот Амаранте со 6:0, а потоа следуваше падот во играта и резултатите.

Без Аморим на клупата, Спортинг на домашен терен со убедливи 1:5 загуби од Арсенал во Лигата на шампионите, а интересно е дека само 20 дена претходно го победи Манчестер сити со 4:1.

Спортинг имаше 11 победи во 11 меча во првенството, а по заминувањето на Аморим следуваа два шокантни порази. Прво загуби на свој терен од Санта Клара со 0:1, а синоќа Спортинг беше поразен и на гостувањето кај Мореиненсе со 2:1. Тоа значи дека ако се додаде и поразот од Арсенал, Спортинг сега има три неуспеси во неполни две недели и само три дадени дури од осум примени гола.

- Оглас -

Најнови вести