Поврзи се со нас

Македонија

Приватните матични лекари во понеделник нема да работат од 12 до 16 часот, револтирани се од убиството на колега во Скопје

Објавено

на

Матичните лекари од приватното здравство во понеделник од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако вчера нивни колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара, изјави за МИА претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова.

„Згрозени сме од ваквиот грозоморен чин. Се работи за наш колега и професионалец кој целиот живот го има посветено на работата. Што треба да значи ова, дека треба да се плашиме дали некој кој не е задоволен од некоја причина од нашата работа и после работно време може да посегне по нашиот живот. Ние ќе го изразиме нашиот револт и во понеделник од 12 до 16 часот нема да работиме“, вели Чолакова — Дервишова.

Истакна дека неопходно е да се донесе Закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

Од Министерството за здравство информираа дека докторот не бил вработен во поликлиниката Железара, туку во приватна ординација издадена под концесија.

Министерството за внатрешни работи информираше дека 67-годишниот лекар со убодни рани е пронајден на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

„На 21.03.2024 во 23:09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во соопштението од МВР.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 12 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 14 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 18 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 19 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 21 час

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 23 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 24 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 2 дена

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена