Некои НБА играчи со месеци најавуваа дека ќе настапуваат за Соединетите Американски Држави на Олимписките игри во Париз ова лето. Меѓу нив е Леброн Џејмс, Кевин Дурент и Стеф Кари, сега речиси сите сакаат да бидат дел од најголемиот спортски настан оваа година.

„ЕСПН“ објави дека веќе е познато кои играчи ќе му бидат достапни на селекторот Стив Кер. Уште повеќе, 11 од 12 имиња се познати, а останува само уште еден патник кој ќе замине во француската престолнина.

Нормално, тимот ќе го предводи Леброн Џејмс, додека него ќе го следат Стеф Кари и Кевин Дурант како најголеми ѕвезди на овој тим. Потоа следуваат Џејсон Тејтум, Ентони Едвардс, Девин Букер, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Бем Адебајо, Ентони Дејвис и на крајот Џоел Ембид.

Едно место останува празно, а некои американски медиуми предвидуваат дека тоа би можело да му припадне на Кари Ирвинг, додека други пишуваат дека во Париз ќе одат со 11 играчи.

Нема дилема дека оваа репрезентација лесно може да го освои златниот медал на Олимписките игри.