Сити сака нов договор со Халанд

Откако се појави шпекулација дека голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халан, не е задоволен од претстојот во Англија и дека размислува за евентуален трансфер во Реал Мадрид, челниците на „граѓаните“ сакаат да исфорсираат нов договор.

Тие имаат желба да го задржат Норвежанецот на подолг рок и затоа планираат да му понудат повисока плата и веројатно да ја зголемат откупната клаузула.

Халанд во тековнава сезона заедно со Мохаме Салах од Ливерпул го дели првото место на листата на стрелците во Премиер-лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО