Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Шест охридски боксери ќе ги бранат боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ на Опен Балкан куп

Охрид, 8. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шест охридски боксери ќе ги бранат боите на градот и клубот „Алексо Огненовски“ на Опен Балкан куп.

Ќе настапат Михаил Аврамоски и Петар Трајчески во категоријата кадети, Христијан Стојаноски и Димитар Ѓорески во категоријата јуниори, Наум Стојаноски во категоријата младинци и Енис Алиу во сениорска категорија.

Боксерскиот Опен Балкан куп ќе се одржи во сабота, на 11-ти мај 2024 година.

– На 11-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на финалето на Опен Балкан купот и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“, под покровителство на Боксерскиот сајуз на Србија и Општина Охрид, информираат од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид.

Додаваат дека финалето ќе се одржи на атрактивна локација, во центарот на градот, покрај самото езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука