Вести Македонија Најважни

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки во текот на годината

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји бара од идната Европска комисија многу посериозно да го сфати проширувањето отколку што беше до сега. На два месеца до одржувањето на европските избори Вархеји рече дека геополитичкиот пејсаж во Европа и околу Европа се променија, но позитивна опција е што проширувањето стана еден од главните приоритети не само во Унијата туку и околу неа.

Зборувајќи на Конференција во Брисел, Вархеји зборуваше дека на земјите од Западен Балкан веќе 21-на година им е ветено пристапување во Унијата и може многу да се дискутира зошто процесот траеше толку долго, но сега е јасно дека проширување со регионот, и со источните партнери, е еден од трите приоритети од следниот мандат на европските институции.

  • Се надеваме дека следната Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки насочени кон ова во текот на годината, за време на институционалната транзиција. Затоа што 21 година имаа свој данок на сите нас, не само во Европа каде што беше популарно да се каже дека има замор од проширувањето, туку и на Западен Балкан. Имаше свој данок, но сега мислам дека има повик за будење дека ако Европа не го спроведе проширувањето заради себе и заради свој интерес, може да се соочи со ризик да го загуби долгорочниот мир, стабилност и безбедност дури и во Европа, рече Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.

Вархеји, рече и дека Унијата јасно им порача на земјите од Западен Балкан дека работи уште понапорно за да биде подготвена да ги пречека како нови членки, но дека тоа е процес на исполнување на критериуми и трансформација.

  • Можеме да ги сакаме колку што сакаме, но земјите кандидатки мора да ги испорачаат. Ние секако ќе им помогнеме во тоа. ЕУ може да испорача проширување само откако ќе се исполнат условите- Оливер Вархеји, Еврокомесар за проширување.

Вархеји потсети и дека кога станува збор за проширувањето Брисел сака да се зборува за институционални прашањеа: поглавја, одредници, нивно отворање и затворање, „што наликува како да возите по автопат и да саката да ги прочитате сите ознаки“.

Тој ги спомна и Економскиот инвестициски план како и Планот за раст кој е условен од спроведување на реформите неопходни за членство во Унијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски го прозва Али Ахмети и ДУИ: Прави голема грешка со скандирањата УЧК, тоа носи разгорување на меѓуетничките односи

Дејан Дејан

Силјановска: Првиот натпревар го добивме, а вториот ќе биде уште поуспешен

Дејан Дејан

Столтенберг: Членките на НАТО доцнат со испорака на ветеното за Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе