22.8 C
Скопје
16:10 - 2 мај, 2024

Лепа Брена откри колку најмногу заработила само за еден ден: Неверојатна сума!

Лепа Брена неодамна гостуваше во „Ами џи шоу“. Таму одговараше на „незгодни“ прашања, а зборуваше и за заработката и за бракот.

Брена одигра забавна игра со водителот Огњен Амиџиќ, одговарајќи на неколку прашања. На прашањето кое е најнеобичното место каде водела љубов, пејачката рече:

– Во автомобил.

Брена потоа се насмеа и го прекри лицето со рацете.

Одговори и на прашањето колку најмногу заработила за еден ден.

– Малку и ќе ја намалам сумата. 150 000 евра – рече пејачката.

Зачудениот водител праша на што ја заработила таа неверојатна сума за еден ден.

– Ја продаваш куќата и заработуваш десет пати повќе. Или автомобилот – кратко му рече таа.

Брена ужива и во хармоничен брак со Боба Живојиновиќ, а се осврна и на тајната на нивниот брак.

– Мислам дека тоа се индивидуални работи, луѓето одлучуваат дали можат или не да бидат заедно. Сметам дека бракот е институција која треба и мора да се негува – рече таа.

Таа откри и дали таа и Боба имале кризи во бракот.

– Тоа е нормално. Мислам дека е сосема нормално да се доживее подеми и падови, но мора да ги гледате вашите приоритети. Не верувам дека секоја нова љубов може да биде нешто што е трајно. Но, морам да нагласам, ако нема решение, подобро добра разделба отколку лош брак. Ние ги поминавме тие детски бубачки многу порано. Тој беше остварен професионално, по тенисот продолжи да се занимава со различни работи. Боба го сака животот, го сака семејството, а јас сум човек кој сака да следи некого и кој сака да има силно рамо до себе. Имаме посебен однос, и навистина го негуваме – рече меѓу другото таа.

 

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....