Враќање на легендата: Велимир Заец кандидат за претседател на Динамо!

Играчката и тренерска икона на загрепските „модри“, Велимир Заец (67) официјално ја објави кандидатурата за претседател на Динамо, тимот за кој настапуваат двајца македонски интернационалци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Легендата на хрватскиот фудбал, Заец мина цела деценија во Динамо како играч, меѓу 1974 и 1984 година и забележа повеќе од 200 настапи. Како тренер го водеше Динамо во два наврата, во сезоната 1998/99 и во 2010 година.

Навивачката група „Бед блу бојси“ во саботата објави дека на клупското Собрание ќе одат со список под работното име „Пролет на Динамо“, по што во фудбалските кругови почна да кружи приказната за Заец како нивни скриен адут за претседател.

Собранието на Динамо и изборот на нов претседател треба да се одржи на 2 март.

Заец минатите месеци ретко зборуваше за ситуацијата во Динамо, но кога се јавуваше беше многу директен. Минатата година тој изјави дека во клубот владее „анархија“ и дека не е организиран како што треба.

– На Динамо не му олесна заминувањето на Здравко Мамиќ. Сите наши клубови треба да бидат водени од приватни сопственици или од акционерски друштва. Тоа е единствениот начин, рече, меѓу другото, Велимир Заец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО