Вести Свет Топ вести

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин, со што официјално ќе започне неговиот петти мандат во траење од шест години.  На церемонијата која ќе се оддржи денес нема да присутвуваат претставниците на Европската Унија, САД, но нема да се забележат и застапници од Велика Британија и Германија.

Почетоците на политичката кариера на претседателот Путин може да се забележат во периодот од 1999 година како премиер на Руската федерација, за да потоа стане претседател во 2000 до 2008 година. Тој учествуваше во менување на рускиот Устав, со цел повторно да се врати на сцената како претседател во 2012 година кога беше избран, пак да ја претставува федерацијата.

,,Како претседател на Руската федерација ќе ги почитувам и штитам правата и  слободите и ќе ја штитам конституцијата.’’ изјави Путин во претходната негова инаугурација.

Со доаѓањето на Путин на власт тој ја врати Русија во ерата на Советскиот сојуз, а напоредно со тоа ги зголеми и тензиите со Западот. Тој беше обвинет за убивање политички противници дома и во странство, но беше вклучен и во надворешни сајбер напади и мешање во политичките изборите надвор од земјата. Да се потсетиме дека во 2022 година Русија изврши инвазија на Украина, со цел да ја спречи истата да пристапи кон НАТО сојузот.

Путин со новиот мандат како претседател на Руската федерација ќе направи историја како лидер со најголем стаж на Кремљ, а според тамошното уставно право по 2030 година, ќе има шанса да се кандидира повторно.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе