Во прв ред

Најголемиот светски музички колектив „Postmodern Jukebox“ ќе го слави својот 10-ти роденден во Скопје (Фото)

И покрај тоа што ни претстои неверојатно возбудливо музичко лето, Авалон продукција со гордост и задоволство ви го најавува новиот проект со кој што ќе ја стартуваат новата работна сезона – есен 2024-та, а тоа е најголемиот светски забавувачки музички колектив „Postmodern Jukebox“ кој во Скопје во рамки на својата светска турнеја ќе го прослават својот 10-ти роденден.

Концертот за закажан за 6-ти септември 2024, во Македонската филхармонија.

На овој концерт, како што велат авалонци, може да очекувате инспиративно и екстравагантно патување низ универзумот на „Postmodern Jukebox“, на кое најголемите светски поп хитови, во винтиџ стилот на 1920-те и врвно свинг кабаре ќе може да се слушнат во изведба на некои од најдобрите светски изведувачи, танчери и инструменталисти… или, на кратко кажано, нешто во стилот на ,,Големиот Гетсби” во комбинација со Френк Синатра и филмот ,,Назад во иднината”.

„Оние кои присуствуваа и успеаја да набават влезница за концертот на „Postmodern Jukebox“ во Скопје во 2018-та знаат точно каква вечер ги очекува на 6-ти септември во Македонска филхармонија“, велат од Авалон продукција.

Влезниците ќе бидат во продажба од понеделник (15-ти април) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 2.000 денари.

Можеби ќе ве интересира: