Меси извлече пресврт-победа за ПСЖ… (ВИДЕО)

ПСЖ дојде до нова победа во француската Лига 1 по триумфот во 22. коло над Тулуз од 2-1.

Гостите први поведоа на мечот со погодокот на Ван ден Бумен во 21. минута од средбата.

Но, потоа следеше пресвртот. Најпрво Хакими во 38. минута израмни на 1-1, а потоа Лионел Меси во 58. минута постигна прекрасен погодок за триумф од 2-1.

ПСЖ, по оваа победа, со 54 бода се зацврсти на врвот од табелата со осум бода предност пред Марсеј, кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...