ПСЖ дојде до нова победа во француската Лига 1 по триумфот во 22. коло над Тулуз од 2-1. Гостите први поведоа на мечот со погодокот на Ван ден Бумен во 21. минута од средбата. Но, потоа следеше пресвртот. Најпрво Хакими во 38. минута израмни на 1-1, а потоа Лионел Меси во 58. минута постигна прекрасен погодок за триумф од 2-1. ПСЖ, по оваа победа, со 54 бода се зацврсти на врвот од табелата со осум бода предност пред Марсеј, кој има и натпревар ...

По неочекуваната елиминација од Кремонезе во четвртфиналето од Купот на Италија, Рома со сите сили повторно се врати на победите во Серија А, триумфирајќи со 2-0 против Емполи во 21. коло од шампионатот. Се на мечот беше готово по само шест минути игра. Најпрво Ибањез уште во 2. минута ја донесе „волчицата“ до предност од 1-0, а потоа во 6. минута Абрахам погоди за 2-0. До крајот на дуелот мрежите мируваа. Рома со 40 бода сега се врати на делба ...