Британски министер: На Албанците да им се забрани да аплицираат за азил

На Албанците треба да им се забрани да аплицираат за азил во Велика Британија, бидејќи доаѓаат од навидум безбедна земја, изјави британскиот министер за емиграција Роберт Џенрик.

Mинистерот смета дека „таквите лица треба да бидат исклучени од правото да бараат азил“, бидејќи предупреди дека сегашното ниво на миграција во Обединетото Кралство е неодржливо, пишуваат британски медиуми, пренесува Макфакс.

Џенрик изјави дека Албанците сочинуваат повеќе од една третина од 33.000 мигранти кои дошле во Велика Британија со мали чамци преку Ла Манш во девет месеци од оваа година и нагласи дека тие претставуваат приоритет број еден.

Претходно, британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира извештајот објавен во „Сандеј Тајмс“ дека министрите работат на легислатива што може да им забрани на барателите на азил кои влегуваат по нелегални патишта да се населат во Обединетото Кралство.

Според тие информации, министерката Суела Браверман го повикала премиерот Риши Сунак да ги поддржи плановите да се стави во притвор секој илегален мигрант по пристигнувањето.

 

Претходна вестИзвршиле тешка кражба во куќа во Скопје, приведени две лица
Следна вестМакедонскиот тенисер Калин Ивановски го освои турнирот во Мадрид