Младинска работилница „Младите за чист воздух“

Денес, во „Europe House Велес“ со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи младинската работилница за подобрување на квалитетот на воздух во Вардарскиот регион. Работилницата ја спроведува УНИЦЕФ во партнерство со Центар за климатски промени, во рамките на младинскиот проект „Младинска акција за чист воздух“. Работилницата е наменета за учесници од 16 до 29 години.

Целта на работилницата е да се поддржат младите (вклучувајќи ги младинските организации, граѓански организации во чиј состав имаат млади каде истите би присуствувале на работилницата, Локалните младински совети со нивните членови, младински центри, сојузи на средношколци и студенти) на локално ниво за поднесување на иницијативи за подобрување на квалитетот на воздух во Скопскиот регион.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …